Синоќа последниот воз вчера го фатија Италија, Фарски Острови и Белгија, придружувајќи им се на веќе познатите Швајцарија, Романија, Грција, Израел, Естонија и Финска. На последниот викенд од ЕП 2022 ќе биде направена ждрепката за двојките и Македонија ќе ја дознае првата пречка на патот до СП 2023 во Полска и во Шведска.
Баражите се играат по нов систем, според кој Македонија ако го мине мартовскиот филтер, ќе ја чека второ коло, против некоја од селекциите кои на ова ЕП ќе се пласираат од 4. до 15. место (освен двата домаќина и актуелниот шампион Данска).
Затоа беше важно да поминеме во втората фаза и да се пласираме минимум на 15. место. Со тоа ќе добиевме и полесен противник а и ќе игравме само еден бараж дуел. Вака ќе чекаме да видиме кој ќе ни се падне.