Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави ранкинзите за следната сезона 2023/24 после состанокот на Извршниот комитет, а во калкулацијата за секое европско натпреварување поединечно се земени сезоните 2019/20, 2020/21 и 2021/22.
Македонија е рангирана на осмото место со коефициент 80.00 што ни носи директно место меѓу 16-те во најелитното друштво, а покрај клуб во ЛШ, Македонија ќе има уште три претставници.
За Лига Европа сме рангирани на 11-та позиција со коефициент 39,67 со што губиме едно место, ама ќе имаме еден претставник во групната фаза и еден во квалификациите, додека за Европскиот куп сме на 37-то место бидејќи немавме претставници во него во последните три сезони, но ќе има шанса за пријава на еден клуб.