Нашите млади ракометарки до 17 години по извонредниот успех и освојувањето на ЕХФ Шампионатот во Литванија се вратија дома а свечен пречек организираше претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.
Ракометарките и стручниот штаб допатуваа во Скопје и добија признание за остварениот успех од целокупното раководство на Ракометната федерација.
Да потсетиме нашите ракометарки одиграа одлично првенство во Литванија, во полуфиналето славеа над Полска со 25:22 а во големото финале во возбудлива завршница го земаа скалпот на Исланд со резултат 27:26 и освоија прв ваков трофеј за Македонија.
Македонија како победник си загарантира учество на претстојното Европско првенство за кадетки.