Хесе дојде во Реал како 14-годишник во 2007 година, тој беше во првиот тим од 2013 година, а во 2016 година премина во ПСЖ за 25 милиони евра. Сепак, тој го помина поголемиот дел од петгодишниот договор на позајмица во Спортинг, а бидејќи Спортинг Лисабон не одлучи да го задржи, се врати во Париз на почетокот на оваа сезона. Но, тој одигра вкупно 22 минути во текот на целата есен.

На почетокот на декември минатата година, ПСЖ го раскина договорот со 27-годишниот напаѓач поради активности надвор од теренот. Откриено е дека ја изневерил својата девојка Аура Руиз, ријалити sвезда, со нејзината пријателка, а ПСЖ утврди дека на тој начин го нарушил угледот на клубот. Покрај тоа, на Канарските Острови, тој беше фатен на забава без заштитна маска и кршење на правилата за социјално дистанцирање.

Сега, по нешто повеќе од една година, тој е тема во медиумите поради неговиот семеен статус. Хесе веќе има пет деца со три различни жени и се чини дека наскоро би можел да стане татко по шести пат. Овој пат тој се заедно со старлетата Росио Амар, која е бремена и, по сите претпоставки, тој е таткото.

Instagram will load in the frontend.

Хесе има две деца со Мелоди Сантана, две со Јанира Барм, која му беше девојка до пред неколку месеци, и едно со Аура Руиз.