За првиот гол на средбата се чекаше само осум минути, кога Јаник Караско го замолче стадионот во Каталонија, меѓутоа тоа беше само затишје пред бура бидејќи Барселона го врати ударот по само две минути преку волејот на Жорди Алба (1-1), а потоа во листата на стрелци до крајот на првото полувреме се запишаа Гави и Роналд Араухо.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1490348098622607362?s=20&t=UtUhu8TysLf-1hZ0ABjm3wНадежта на гостите од Мадрид дека ќе освојат барем бод ја уништи искусниот Дани Алвеш во 49. минута, кога ја затресе мрежата на еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак за предност од 4-1. Во продолжение од средбата Луис Суарез погоди против својот поранешен тим за 2-4, но тоа беше сè од гостите затоа што мрежите мируваа до последниот судиски свиреж.
Барселона по 22 одиграни натпревари се наоѓа на четвртата позиција со 38 бодови, односно два повеќе од петтопласираниот Атлетико Мадрид, а пред нив се Бетис со 40, Севилја со 47 и Реал Мадрид со 50 бода.