Фудбалерите на Манчестер Сити продолжуваат со победите во Премиер лигата.
Како домаќини во 16. коло беа подобри од Вулверхемптон со 1:0 (0:0).
Тоа беше шести последователен триумф на избраниците на Пеп Гвардиола во лигата, но до овие три бода стигнаа со многу мака и со помош на судијата Џонатан Мос.
Имаше многу искри, особено во првото полувреме, кога Мос во продолжението го исклучи гостинскиот напаѓач Раул Хименез.
Тој заработи два жолти картони за само 38 секунди, во првата и втората минута од првото полувреме .
Првиот го доби за фаул од позади, а вториот поради обидот да ја задржи играта.
Тоа му даде на Сити поголеми шанси за победа во продолжението.
Сепак, тоа не беше можно без спорни ситуации, па Сити дојде до победничкиот гол по одлуката од ВАР собата .
Впечаток е дека судискиот тим погреши и дека премногу лесно досуди пенал за Манчестер Сити.
Топката очигледно удри под пазувите на Жоао Мутињо, но Мос заедно со судијата од ВАР-собата Андре Маринер одлуија дека се работи за пенал, со големи протести од таборот на Вулверхемптон.
Рахим Стерлинг беше прецизен од белата точка.
Сити имаше многу прилики во тоа второ полувреме, Грилиш и Бернардо Силва во 72. минута, како и Габриел Жесус во 80. минута ги тестираа рефлексите на голманот на Волвс Са, но мрежата не се затресе.
Фил Фоден имаше шанса за 2:0 во 91. минута, а минута подоцна на другата страна Килман имаше шанса да им донесе бод на гостите, но Едерсон одбрани.
Во следното коло Манчестер Сити на 14 декември гостува кај Брентфорд, а ден подоцна „волците“ гостуваат во Брајтон.