Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник на велеслаломот што се возеше во рамките на Светскиот куп во Вал Д’Изер, Франција.
Одермат славеше со резултат 2:12,31 минути и со тоа ја забележа третата сезонска победа.
Тој триумфираше и во велеслалом на отворањето на сезоната во октомври во Австрија, па стана првиот скијач кој победил на првите две трки од сезоната во таа дисциплина по Тед Лигети во 2013 година.
Второто место го освои Французинот Алексис Пинтуро со 0,59 секунди заостанување зад победникот, додека третото место му припадна на Австриецот Мануел Фелер кој беше за 1,24 секунди побавен од Швајцарецот.
Хрватскиот скијач Филип Зубчиќ во второто возење влезе како трет, но во второто возење излета од патеката.
Во генералниот пласман на Светскиот куп води Одермат со 446 бодови, втор е Австриецот Матијас Мајер со 310, додека трет е Норвежанецот Александар Омот Килде со 229 бодови.
Скијачкиот викенд за мажи на француските Алпи завршува утре со слаломот за мажи.