Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт е победник на првото натпреварување на норвешката турнеја Raw Air, која се бодува и за Светскиот куп, што се одржа во денес во Лилехамер.
Крафт победи со скокови од 135 и 137 метри што му донесе 294,1 поен. Австриецот по првата серија беше на второто место, а на второто место заврши првопласираниот Јапонец Риоју Кобајаши, бидејќи во втората серија имаше 2,5 метри пократок скок од Австриецот, па заостануваше 5,1 поен зад него.
Трет по првата серија, а на крајот и од натпреварувањето беше Германецот Карл Гајгер со скокови од 135 и 134,5 м, кој заостана 7,9 поени од победникот.
Најдолгиот скок на натпреварувањето го направи Австриецот Јан Хоерл, кој во втората серија прескокна 142,5 метри, но тоа не му донесе поместување од петтото место кое го освои со заостанување од 16,4 поени зад победникот. Пред него беше Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд кој заостануваше 14,5 поени зад Крафт.
За вкупниот пласман на турнејата Raw Air се собираат резултатите од квалификациите во кои Норвежанецот Јохан Андре Форфанг беше најдобар во средата, но тој беше само 43-ти во првата серија и не се пласира во втората, па Крафт ја презеде водечката позиција на турнејата , а во квалификациите беше втор.
Во Светскиот куп , Риоју Кобајаши малку повеќе ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Гајгер и таа сега изнесува 63 бода.
Скокачите сега се селат во Осло, каде што ќе се одржат преостанатите два натпревара од турнејата Raw Air.