Десниот бек на Барселона, Сержињо Дест, би можел да се пресели во Рома на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми. Тој беше стандарден кај претходниот тренер Роналд Куман, но кај Чави не добива голема шанса и затоа сака да замине од „Камп Ноу“.

Таквата ситуација сака да ја искористи Жозе Мурињо, кој покажува сериозен интерес за Холанѓанецот веќе подолго време.

Рома е подготвена да плати 15 милиони евра за неговиот потпис.