По влегување на арапскиот капитал во парискиот клуб ПСЖ, а делумно поради Нејмар, Лео Меси, Осман Дембеле поранешни големи супер звезди на Барселона, но и познатата „Ла Ремонтада“ од 2017 година (6-1 на „Камп Ноу“), ривалството на двата клуба стана доста отровно. И затоа во четвртфиналето двомечот меѓу ПСЖ и Барселона, покрај оној на Манчестер Сити и Реал Мадрид, привлекува.големо внимание, иако по квалитет тој статус не го заслужува.
Дуелот во Париз, екипата на ПСЖ го дочекува како фаворит. Ако се одземе најавеното заминување на Килиан Мбапе, во екипата на Луис Енрике немаше толку турбуленции. Шампионот на Франција е без пораз од почетокот на ноември, кога во четвртото коло од групната фаза играше против Милан, додека за неуспех на домашен терен не знае од септември. Од 18 натпревари во сите натпреварувања во 2024 не доби само четири, а само на еден не постигна гол.
Ниту во Барселона долго не знаат за неуспех. Откако на крајот на јануари Чави најави заминување, тимот е без пораз, доби осум од 11 дуели, а не успеа да даде гол само против Атлетик Билбао. Делува дека навивачите ја вратија вербата, а таа е уште поголема откако стана познато дека почнаа да тренираат Педри и Де Јонг по паузата поради повреда. На другата страна Заире Емери во текот на второто полувреме од мечот со Рен беше заменет и повреден седеше на клупата, но Енрике изјаи дека станува збор само за удар и ништо повеќе.