Германскиот ски-скокач Карл Гајгер победи на скокалницата во Енгелберг во рамките на Светскиот куп.
Германецот до триумфот дојде благодарение на скоковите од 137 и 104 метри, со вкупно 287,4 поени.
Второто место го зазеде Риујо Кобајаши од Јапонија со скокови од 137,5 и 140,5 метри и вкупен резултат од 286,5. Место на подиумот обезбеди и Словенецот Тими Зајц со 282,6 поени, и скокови од 144,9 и 137.
Гајгер ја постигна втората победа сезонава и е лидер во генералниот пласман со 514 бодови, втор е Кобајаши со 396, а трет Крафт со 340.