Нова станица на Светскиот куп во скијачки скокови беше Германецот Вилинген, а победник е Јапонецот Риоју Кобајаши по само една серија скокови поради тешките услови .
Јапонецот Риоју Кобајаши е победник на Светскиот куп во ски скокови во Вилинген, Германија и со таа победа повторно го презеде водството во генералниот пласман.
Натпреварувањето во Вилинген го отежнуваа силниот ветер и снегот, па условите беа на работ на регуларност и се одржа само една серија.
Кобајаши имаше најмногу среќа на таа лотарија и славеше со скок од 145,0 метри што му донесе 115,6 поени. Второто место го зазеде Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со два метри пократок скок и 4,0 поени помалку, а третото место го освои уште еден Норвежанец Мариус Линдвик со скок од 137,0 метри или 107,0 поени.
Кобајаши сега има 1.136 бодови на Светскиот куп, 28 повеќе од второпласираниот Германец Карл Гајгер, кој беше само 20-ти денес, додека трет е минатогодишен победник во генерален пласман Гранеруд со 865 бодови.
Ски скокови Вилинген, РЕЗУЛТАТИ:
1. Рјоју Кобајаши (Јапонија) 115,6 (145,0 метри)
2. Халвор Егнер Гранеруд (Нор) 111,6 (143,0)
3. Мариус Линдвик (Нор) 107,0 (137,0)
4. Северин Фројнд (Гер) 104,2 (140,0)
5. Јукија Сато (Јапонија) 103,0 (136,5)
6. Стефан Лејхе (Гер) 97,0 (136,5)
7. Ловро Кос (Сло) 95,1 (128,5)
7. Жига Јелар (Сло) 95,1 (132,0)
9. Даниел Хубер (Австрија) 94,8 (134,0)
10. Грегор Дешванден (Швајцарија) 90,4 (133,0)