Серхио Рамос пропушти голем дел од оваа сезона поради повреда, па многумина го доведоа во прашање неговиот трансфер во Пари Сен Жермен.
Меѓутоа, кога почна да игра, се беше поинаку, тој веќе докажува за каков стопер се работи и јасно е дека може да му помогне на клубот да дојде до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, бидејќи веќе не е прашање дали тој ќе биде прв во Франција оваа сезона.
Но, има проблеми.
Знаете дека ПСЖ го игра осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, коj се консолидираше со доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на славниот тим, а на тој меч централна фигура би можел да биде Рамос.
Дали ќе игра? Тој се повреди на вчерашниот тренинг, мораше да го напушти, а засега нема информации за каква повреда се работи, освен дека се чувствувал „непријатно“.
Реал и ПСЖ играат за 17 дена .