Трагична вест доаѓа од Мостар, 27-годишниот фудбалер на Зрински, Карим Газет извршил самоубиство, јавуваат босанските медиуми.

Швајцарецот Газет скокнал од осми спрат и починал на самото место. Трагичната вест ја потврдија и од босанското МВР. Тој летово пристигна во Босна и Херцеговина од Ксамакс и ова му бил прв ангажман надвор од Швајцарија.
Сè уште не се познати мотивите за самоубиството.