„Кралската“ ѕвезда Федерико Валверде, кој сезонава ја почна спектакуларно со шест гола, е еден од адутите на двојниот светски првак Уругвај за овој Мундијал во Катар, покрај искусните Луис Суарез, Единсон Кавани, Мартин Касерес, Диего Годин…

Каков фудбалски (веле)мајстор е Валверде, за кого Карло Анчелоти вели дека е еден од тројцата најдобри на светот во моментов на својата позиција, покажа на последниот тренинг за „урусите“ пред воведниот меч во Катар.

Зеде тениско топче, па со него жонглираше и правеше што сака.