Фудбалерите на Брест кој сигурно се едно од најпријатните изненадувања сезонава во ЛШ останаа непоразени и во натпреварот против германскиот шампион Баер.
Првата ѕвезда на Леверкузен Флоријан Вирц ја затресе мрежата на Французите во 24. минута и донесе водство за својот тим. Предноста на Леверкузен беше актуелна се до завршницата од првиот дел кога Лес-Мелоу погоди за израмнување.
Во вториот дел немаше голови, па тој резултат се покажа и како конечен. За Брест ова е прво реми во европската елита по победите против Штурм Грац и Салзбург, Леверкузен исто така славеше во првите две кола во дуелите со Феенорд и Милан.
Аталанта влезе како фаворит против Селтик и доминираше, упатија 20 удари кон голот на шкотскиот тим, но и тоа не беше доволно да го најдат патот до мрежата, па Селтик успеа да остане непоразен, резултатот беше 0-0.