Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас брзо се опорави од повредата што ја здоби на мечот против Емполи и ќе може да конкурира за настап на дербито против Милан претстојниот викенд. Потврдата дојде од тренерот Лучијано Спалети кој објави дека лекарскиот тим го оспособил Елмас за настап.

„Медицинскиот тим го оспособи Елмас и тој може да помогне против Милан. Инсиње и Лоботка тренираат под посебен режим, но и тие ќе патуваат со тимот во Милано. Ќе го немаме Фабијан Руиз кој не може да игра поради грип“, изјави Спалети за италијанските медиуми.

Наполи има два последовни порази и три меча не знае за победа во Серија А. Тимот падна на четвртата позиција на табелата, со четири бода заостанување зад лидерот Интер.