Вчера Миралем Пјаниќ официјално стана нов играч на Бешикташ. Во Истанбул Пјаниќ доаѓа на едногодишна позајмица. На Барселона за тој период ќе и платат 2.7 милиони евра.
Двата клуба се договорија во период од само неколку часа, а Пјаниќ лекарските прегледи ги заврши во друштво на поранешниот фудбалер на Бешикташ, Душко Тошиќ после што се упати на потпис на договорот.
Во кариерата Пјаниќ до сега играше за Мец, Лион, Рома, Јувентус и Барселона каде што баш и не се изнаигра.
Беше блиску до враќање во Јувентус во преодниот рок, меѓутоа двете страни не се договорија, па сега заврши во Бешикташ.