Екипата на Јувентус доживеа тежок пораз од Нирнберг од 3-0 во првиот меч во подготовките за новата сезона.

Ова беше прв натпревар, деби за Тијаго Мота на клупата на „бјанконерите“, деби кое нема по добро да го памети со оглед на лошиот резултат,
 а не треба да се заборави дека Нирнберг е тим кој се натпреварува во втората лига на Германија.

Нирнберг поведе во 19 минута, водство кое можеше да биде поништено од нововлезениот Влаховиќ, но Србинот не реализираше пенал во 72 минута.

 

Завршницата му припадна на аутсајдерот кој во 87 и 89 минута двапати реализираше за огромна победа на овој тест.