Во вториот натпревар од шеснаесетфиналето на Конференциската лига, Партизанја совлада Спарта Прага со 2:1 и со тоа со вкупни 3:1 избори пласман во осминафиналето на новото клупско натпреварување на УЕФА. Во петок ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Конференциската лига, а меѓу носителите нема да биде Партизан.
Двата гола за белградскиот тим ги постигна одличниот Рикардо Гомеш. Сепак, Гомеш заработи втор жолт картон во 66. минута и Партизан нема да може да смета на својот најдобар стрелец во првиот осминафинален натпревар. Поразот на Спарта го ублажи Адам Хложек во 85. минута.
Заедно со Партизан, Србија во осминафиналето на европските натпреварувања ќе ја има и Црвена Звезда која игра во Лига Европа. Таа доби директен пласман меѓу 16-те најдобри бидејќи беше прва во својата група во ЕЛ. Да потсетиме, Србија од следната сезона ќе има два претставника во Лигата на шампионите – директен пласман ќе има националниот шампион, а во квалификациите второпласираниот.