Африканскиот првак Сенегал остана во трката за осминафинале после денешната очекувана победа против  домаќинот на Мундијалот, Катар (3-1) за да ја запишат првата победа и последната пресметка со Еквадор идната недела ќе решава кој од овие две селекции ќе оди во елиминациската фаза.

Катар еден час беше само набљудувач на случувањата на теренот, па требаше Сенегал да им даде два гола за да ги разбуди и да тргнат малку поконкретно и офанзивно, откако Диа во 41-та и Диадиу во 48-та погодија во нивната мрежа. После тој еден час и три полувремиња без директен шут, Катарците направија две извонредни шанси кои Менди им ги одбрани бравурозно, за од третата Мунтари во 78-та да даде прв историски гол за арапската земја на Мундијалите, но за повеќе не можеа да се изборат откако Диенг шест минути пред крајот стави точка на пресметката.

https://twitter.com/DEANFOOTBALL1/status/1596152640009822211?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1596152640009822211%7Ctwgr%5Eb2d363c5f0943ee4811ad6ae3ed4af558598237b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fsadio-mane-mozhe-mirno-da-spie-senegal-ispisha-istorija-i-napravi-neshto-nevideno-na-mundijalite-video%2F