Екипата на Интер Мајами со 3-1 го доби реваншот против Нешвил и со вкупни 5-3 се пласира во четвртфиналето од КОНКАКАФ шампионскиот куп.

Мечот во Нешвил заврши нерешено 2-2, а Интер Мајами со поддршка од навивачите дојде до триумф дома со кој обезбеди пасман во следното коло од купот. Главни актери во победата беа Луис Суарез и Лионел Меси.

Уште во осмата минута по асистенција од Меси, Суарез погоди за водство од 1-0.

 

Во 23. минута Меси со прекрасен гол зголеми на 2-0. Со тој резултат се замина на полувремето.

 

Во 63. минута Суарез беше во улога на асистент, а Тејлор со глава реализираше за 3-0.

 

Гостите во судиското продолжение од дуелот успеаа само да постигнат почесен гол.