Барселона имаше катастрофална серија на последните три натпревари во Ла Лига, два порази и едно реми.
Големиот талент Ламин Јамал се врати во стартниот состав на Барселона, а со тоа дојдоа и победите.
Барселона постигна убедлива победа на гости кај Мајорка триумфирајќи со 1-5. Каталонците сега повторно имаат четири бода предност во однос на Реал, но и два одиграни натпревари повеќе од најголемиот ривал.
Повратникот во тимот Феран Торес во 12.минута донесе водство за Барселона, а израмни Ведат Муричи пред крајот на првото полуврема.
Барселона тргна во офанзива и беше доминантна во вториот дел. Ламин Јамал продре во казнениот простор и беше соборен, а Бразилецот Рафиња го реализира ударот од белата точка за 1-2. Бразилскиот напаѓач погоди уште еднаш по маестралната асистенција на Јамал.
https://twitter.com/i/status/1864032001466020323Во завршницата на дуелот каталонците уште двапати ја погодија мрежата на домашните. Прво резервистот Френки Де Јонг зголеми на 1-4, а конечниот резултат го постави младиот Пау Виктор во 84. минута од натпреварот, асистен беше холанѓанецот.
Со овој триумф Барселона остана на лидерското место со 37 бода, четири повеќе од Реал кој е на „минус два“ меча, а пет од Атлетико кој има натпревар помалку.