Денвер Нагетс го оствари осмиот пораз од стартот на сезоната во НБА лигата, а шампионот од пред две сезони е далеку од посакуваната форма за  највисоки дострели.

Во дербито против Лос Анџелес Клиперс, кошаркарите на Нагетси загубија и покрај историскиот учинок на Никола Јокиќ, кој стигна до 138-от трипл-дабл во кариерата, израмнувајќи се со легендарниот Меџик Џонсон.

Српскиот ас постигна 28 поени, 14 скокови и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за да избегне пораз на гости кај Клиперси (126:122).

Во противничкиот тим, Џејмс Харден ја уништи историската ноќ на Јокиќ со издание како во најдобрите денови, па со постигнатите шест тројки, стана само вториот играч во историјата на НБА лигата со над 3000 тројки во кариерата.

„Брадата“ Харден одигра фанрастична партија и постигна 39 поени, 9 скокови и 11 асистенции, па така го доби двобојот со Јокиќ и беше лидер во триумфот на својот тим.

Лука Дончиќ по повредата се врати како лидер со 36 поени, 7 скокови и 13 асистенции во триумфот на Далас над екипата на Портланд (131:137).