Големото хрватско фудбалско дерби се одигра на „Пољуд“ во Сплит, а Хајдук по вторпат го победи Динамо во период од неколку месеци.
Дербито изобилуваше со доста тензија а клучен се покажа голот на Сигур по лошата реакција на гостинската одбрана.
Офанзивниот играч на Хајдук погоди за водство од 1:0, по што настана вистинска ерупција на „Пољуд“ откако претходно дербито беше и во двеминутен прекин бидејќи Ракитиќ беше гаѓан со факели од страна на навивачите на Динамо „Бед Блу Бојс“.
По дадениот гол, Хајдук се одлучи со гранитна одбрана да го чува својот гол, Динамо испрати само еден директен шут во рамките на голот во текот на 90 минути, па тимот на Бјелица беше безопасен на ова дерби.
Стефан Ристовски беше стартер и играше до 62-та минута, додека Адеми и Трајковски останаа на клупа и не добија шанса.
Со оваа победа, Хајдук сега има седум бодови повеќе од Динамо, односно три повеќе од второпласираната Ријека.