Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард ги смири тензиите по судирот со Ентони Дејвис на мечот со Феникс.
Двајцата се скараа при еден од тајм-аутите во втората четвртина, а поголем конфликт спречија соиграчите.
Конфликтот настанал поради несогласувања околу играта во одбрана .
“Се скаравме за нешто што се случи на паркетот. Ние сме возрасни. Тоа се случува. Ќе го надминеме овој проблем, тој е мој брат, мој соиграч”, изјави Хауард.
Лејкерс ја започнаа сезоната со два порази, а нова шанса за триумф ќе имаат в понеделник против Мемфис.