Реал Мадрид одигра одличен натпревар и славеше на Ноу Камп против најголемиот ривал на Барселона со 2:1 во 10. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ поведоа во 31. минута по фантастичен контранапад и перфектна егзекуција на Давид Алаба. Австриецот прво ја доби топката од Родриго, а потоа со одлична дијагонала стрелаше неодбранливо во спротивниот агол. Акцијата ја започна феноменалниот Винисиус Јр. за кој домашните играчи немаа решение .

Ова беше прв гол за австрискиот репрезентативец во дресот на Реал во кој пристигна ова лето од Баерн Минхен. Вториот гол на Реал беше постигнат во 4. минута од судиското продолжение кога Лукас Васкез погоди за 2:0.

И кога се чинеше дека ова ќе биде конечен резултат, Серхио Агуеро го постигна својот прв гол за Барселона. Вреди да се напомене дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ денеска го одигра својот 400-ти натпревар за тимот од шпанската престолнина.

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=W8MIBp6_K5s