Далас Маверикс славеше голема победа на теренот на актуелниот НБА шампион, екипата на Милвоки Бакс.

Фановите имаа можност да проследат нов дуел меѓу Јанис Антетокумбо и Лука Дончиќ. Победнички теренот го напушти Словенецот, кој беше заслужен за потегот на вечерта. Тој успеа да добие дуел еден на еден со Гркот и постигна спектакуларна тројка, на одушевување на фановите.

Дончиќ и Антетокумбо се во потесниот круг кандидати за МВП наградата. Многу веројатно е дека Никола Јокиќ втора година во низа ќе го добие престижниот трофеј.