Голема прашина се крена во јавноста по натпреварот меѓу Жалгирис и Црвена Звезда во Каунас. Приврзаниците на литванскиот тим ги исвиркаа гостите од Србија бидејќи не испратија порака против војната во Украина.
Имено, пред почетокот на натпреварот, кошаркарите на Жалгирис на паркетот држеа големо знаме на Украина на кое пишуваше: „Стоп за војната во Украина“. Тоа не го направија кошаркарите на Звезда, па дојде до невидена тензија во салата.
Навивачите во текот на целиот натпревар ги провоцираа црвено-белите, ги навредуваа, а во еден момент на трибините го развиорија знамето на НАТО.
За разлика од Лука Митровиќ, кој се прашуваше што бара знамето на НАТО на трибините, Американецот на Звезда, Арон Вајт, се обиде да се „измие“, па го обвини својот клуб.
„Како тим ни беше кажано да не го допираме знамето. Би сакал да биде јасно дека не поддржувам војна и сакам светски мир“, напиша Американецот на Твитер.
https://twitter.com/Aaron_White30/status/1510703196670504971?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510703196670504971%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3905973%2Feron-vajt-grejs-vajt-zastava-ukrajina-rat-crvena-zvezda-prozivke-drustvene-mreze-evroliga-zalgiris