Кога Оклахома би можела да игра секоја вечер со ЛА Лејкерс, би можела да изгледа многу подобро. Тандерси немаат старт од соништата во НБА-лигата, а единствените две победи ги запиша токму против „езерџиите“.
И на вториот дуел Оклахома излезе како победник, иако имаше негатива од 19 поени (44-25) и губеше до пред стартот на последната четвртина, сепак успеа да се врати. Тандерси со серија од 13-0 поведоа со 84-88 за првпат на мечот. Дуелот влезе во неизвесна завршница во која Расел Вестбрук промаши за продолжение, на крајот неговиот тим го запиша четвртиот пораз (104-107).
Во составот на тимот од ЛА го немаше Леброн Џејмс, во негово отсуство најефикасен беше Ентони Дејвис со дабл-дабл од 29 поени и 18 скока, Вестбрук имаше 27 поени, додека Кармело Ентони броеше до 21 поен. Кај победникот Шај Гилџес Александар реализираше 27 поени.
На останатите средби Детроит загуби од Филаделфија со 98-109, Јута беше подобра од Атланта со 98-116, Мајами загуби од Бостон со 78-95 и Феникс беше подобар од Хјустон со 123-111.