Кошаркарот на Торонто, Фред Ванвлит ќе игра на овогодинешниот Ол Стар, што е многу пријатно изненадување.

Како што пишуваат американските медиуми, Фред Ванвлит станува само петтиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој на Ол-стар натпреварот ќе стигне како недрафтуван .

Пред него, тоа го постигнаа Кони Хокинс, Мозес Мелоун, Бред Милер, Џон Старкс и Бен Валас.

Ако се потсетиме на НБА драфтот во 2016 година, ќе ја паметиме и познатата сцена кога Фред Ванвлит направи забава за заминување во НБА лигата, а никој не го избра на драфтот.

Неговиот пат од непожелен играч до Ол-стар ,почна така што беше во Лигата за развој, каде што стана шампион во 2017 година, а само две сезони подоцна, со Торонто Репторс, ги победи Голден Стејт Вориорс и стана шампион во НБА.

Во 2021 година, Ванвлит официјално стана најдобар стрелец на недрафтувани играчи , а сега влезе во елитното друштво со одењето на Ол-стар.