Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров вечерва на натпреварот со Пик Сегед во рамките на Лигата на шампионите има шанса доколку постигне 3 голови да стигне до бројката од 1000 во ова натпреварување.
Ова до сега им успеало само на тројца, а секако на врвот на табелата е Кирил Лазаров 1332 голови. Над 1000 исто така успеале да дадат и Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.