Денес со почеток во 18:45 македонскиот шампион Вардар ќе го одигра седмиот наптревар сезонава на гости во Унгарија кај ПИК Сегед.
Во последните три натпревари имаме негативен скор со овој противник и забележавме три порази.
За овој дуел свое видување има десното крило на Вардат и македонски репрезентативец Гоце Георгиевски.
“Не очекува тежок натпревар со познат противник. И минатата сезона одигравме два неизвесни натпревари. ПИК Сегед е многу квалитетна екипа но ние внимателно ги анализиравме и се подготвуваме за овој меч. Ќе излеземе на терен да се надигруваме и иако станува збор за квалитетен противник ние ќе дадеме се од себе и се надеваме на позитивен резултат.” – изјави Георгиевски