Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари втората победа на СП што се игра во Полска и Шведска и ќе игра за 27-то место на СП против Јужна Кореја.
Црвено-жолтитетриумфираа со убедливи 40:25 против Мароко и го освоија второто место во групата 2 во Президент Купот.
Селекторот Лазаров вечерва шанса им даде на помладите репрезентативци, ги одмори искусните крила Манасков и Георгиевски, како и првиот голман Митревски, а лидер на теренот беше Филип Кузмановски.
Првото полувреме заврши со предност од шест голови (18:12), а вториот со серија од 6:0 за Македонија со што и разликата стана двоцифрена (24:12).
Избраниците на Лазаров рутински ја одржуваа предноста и ја израмнија најубедивата победа на Македонија на Светските првенства. Пред четири дена беше победен Алжир со идентични 40:25.
Најпрецизни во нашата репрезентација беа Кузмановски со осум, Атанасијевиќ со седум голови, додека по шест дадоа Костески и Серафимов.
Последниот натпревар на СП, Македонија ќе го игра во среда против Јужна Кореја (18 часот).