Фудбалската икона, Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси одбива да го продолжи својот договор со ПСЖ, пишува новинарот Жерар Ромеро.
Ромеро тврди дека Меси во овие моменти има барем три причини зошто да не потпише нов договор со ПСЖ :
– Лошиот однос со навивачите на ПСЖ
– Преголемото влијание во клубот што го има Килијан Мбапе
– ПСЖ не му укажа никаква чест по триумфот на СП во Катар и поради тоа чувствува дека не припаѓа во тимот од Париз.
Новинарот тврди дека Меси почнал да се премислува околу продолжувањето на соработката со ПСЖ уште за време на Светското првенство.
Има и друга причина, односите на Аргентинецот со управата на Барселона сега се многу подобри и Ромеро очекува претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, да се обиде да го убеди Меси да се врати на „Камп ноу“.