Се најавуваше дека Енис Барди ќе мора да си замине од екипата на Трабзонспор, но сепак еден од нашите најдобри фудбалери и понатака продолжува да игра за актуелниот шампион на Турција.
Барди беше во составот на Трабзон, од клупата влезе во игра во 75.минута и тоа на дуелот со Истанбулспор за кој настапи уште еден наш репрезентативец Валон Етеми. Во натпревар од редовното коло во турската Суперлига, Трабзон триумфира со 4:0, а Етеми играше се до 81.минута откако беше стартер, па “македонското дерби“ во Турција го доби Енис Барди.