Фабијан Руиз во 73-та минута со соло продор ја донесе победата во Торино против „биковите“ со 1-0, откако првата ѕвезда на тимот Лоренцо Инсиње промаши пенал и за Наполи ова беше 22-от сезонски триумф со кој сега имаат 73 бода, зад Милан кој е втор со меч помалку со 77, а Интер е лидер со 78.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше денеска само 13 минути откако во завршницата влезе во игра после водството на Наполи, заменувајќи го Инсиње.
Торино со 13-от пораз остана на 10-то место со 47 бодови.