Светскиот шампион со Бразил од 2002 година Ривалдо предвиде дека Аргентина ќе го освои Светското првенство оваа година во Катар. Аргентина е во финалето и го чека подобриот од дуелот Франција-Мароко.

Бразил и Нејмар ќе ги нема во финалето на СП, па ќе навивам за Аргентина. Меси, имам порака за тебе. Заслужи да бидеш светски шампион. Господ знае се и ќе те награди во недела (кога се игра финалето). Заслужи да ја освоиш титулата“, Ривалдо напиша на „Твитер“.

Меси ќе ја заврши кариерата после финалето на Мундијалот во Катар.