Милвоки бакс триумфира против Голден Стејт вориорс со 128-111, додека Бостон селтикс го доби вечното дерби против Лос Анџелес Лејкерс (122-118).

Милвоки ја неутрализира најголемата опасност која доаѓаше од Голден Стејт и го запре Стеф Кари на само 20 поени, додека во победничкиот состав блесна Јанис Адетокумпо со 30 поени, додека Боби Портис додаде 25 поени.

Бостон по продолженија славеше против Лејкерс со 122-119, а во триумфот на поранешниот шампион блесна Џејсон Тејтум со 44 поени, додека кај екипата од Лос Анџелес најефикасни беа Ентони Дејвис со 37 поени и Леброн Џејмс со 33.

Резултати:

Филаделфија – Сакраменто 123-103
Милвоки – Голден Стејт 128-111
Хјустон – Финикс 111-97
Јута – Њу Орлеанс 121-100
Лејкерс – Бостон 118-122