Во меч од осмото коло на Евролигата кошаркарите на Партизан го срушија Макаби Тел Авив со резултат 96:88. Тоа е четврта победа на Партизан во сезоната и сега има ист скор како и Макаби 4-4. „Црно-белите“ лошо го почнаа мечот, по првото полувреме имаше негатива од еден кош (49:50). Мечот беше неизвесен до самиот финиш во кој Партизан беше во подобар ритам и го заврши во своја корист.

Најефикасен на мечот беше Болдвин од Макаби со 23 поени, а во Партизан Ексум и Ледеј со по 21 поен.

Во осмото коло победи славеа уште Фенербахче над Панатинаикос со 107:77, потоа Монако со Басконија 79:74 и Жалгирис над Милано со 71:62.

Standings provided by Sofascore