Навивачите на светскиот вицепрвак Хрватска постигнаа уште една победа уште на стартот на Светското првенство, откако се појавија во Катар облечени како – шеици.
Групата „Ми Хрвати“ се облекоа во белата традиционална облека на шеиците со мала измена, на нив ги имаат и црвената шаховница, за да бидат препознатливи дека се навивачи на „коцкестите“.
Брзо ги собраа симпатиите на домаќините, ама станаа хит од прв ден на доаѓање на фудбалскиот фестивал. Околу 3.000 навивачи од Хрватска се очекува да бидат присутни во Катар.