Според „Фудбал Дејли“, три клуба се борат за потписот на Џуд Белингем кој ќе ја напушти Борусија Дортмунд следното лето.
Џуд Белингем ќе замине од Борусија Дортмунд во летниот преоден рок. За разлика од Ерлинг Халанд, тој нема откупна клаузула во договорот со германскиот клуб кој трие раце по неговите одлични партии на Мундијалот во Катар.
Се верува дека сумата која ќе ја добие Борусија Дортмунд од купувачот на Белингем, нема да биде под 100 милиони евра, а нема да биде чудно ако достигне и 150 милиони.
Три клуба се во трката, Ливерпул, Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Јирген Клоп со сите сили притиска да го донесе Белингем во својот тим, но голем е и интересот на Реал Мадрид, но не смеат да се потценат ниту парите кои ги има Манчестер Сити.