Баерн Минхен го освои Суперкупот на Германија откако го победи Лајпциг со 5-3. Голеада и вистински спектакл приредија двата тима, а на крајот славеа избраниците на Џулијан Нагелсман.
По првото полувреме Баерн обезбеди три гола предност. Мусијала, Мане и Павар стрелаа за 3-0, а Гнабри и Лирој Сане ја продолжија серијата голови во вториот дел.
За Лајпциг стрелци беа Халстенберг, Нкунку од пенал и Дани Олмо.