Некогашниот голгетер на Реал Мадрид, Јувентус, Наполи и на аргентинската репрезентација, Гонзало Игуаин, покажа фудбалска класа во дресот на Интер Мајами синоќа.
Аргентинецот постигна хет-трик за едно полувреме, во натпреварот против Синсинати кој продолжи да биде спектакуларен до крајот, резултирајќи со 4-4. Сè почна со феноменалниот слободен удар на Игуаин, во 23. минута, за да ја возбуди публиката во Мајами. Гостите двапати изедначуваа преку Бренер, но во четвртата минута од судиското продолжување Игуаин го посгигна својот трет гол за 3-2. Долго време во вториот дел немаше ништо, но Васкез со два гола за пет минути, од 81. до 86. направи пресврт, за Мајами да го спасува Мекви во 97. минута.
Ова е веќе трета сезона за Игуаин во Интер Мајами и за 54 меча има постигнато 17 гола.