Барселона забележа трета победа на петтиот подготвителен меч во пресрет на новата сезона, овој пат со 2-0 против Ред бул Њујорк.

Усман Дембеле потврди дека е во извонредна форма, постигнувајќи го четвртиот погодок на четвртиот меч кој го игра во претсезоната. Тој го отвори резултатот во 40. минута по една акција кој ја почна самиот, а потоа доби одлична асистенција од Рафиња.

Во второто полувреме Депај влезе во игра (73. минута) на местото на Левандовски, а 15 минути потоа се најде на вистинското место, беше упорен по една грешка на домаќините и ги казни за конечни 2-0.

На Барселона ѝ преостанува само уште пријателскиот дуел со УНАМ од Мексико, на 7 август, а потоа ќе ја заврши турнејата и ќе се насочи кон Ла Лига која почнува во вториот викенд од август.