Реал Мадрид и Јувентус се сретнаа на преполниот стадион „Роуз Боул“ во Лос Анџелес, а европскиот шампион ја демонстрираше својата сила против италијанскиот гигант – 2:0 (1:0).
„Кралскиот“ клуб славеше со головите на Карим Бензема во 19. минута од пенал и Марко Асенсио во 69. минута по асистенција на Хесус Ваљехо.
Натпреварот се одигра пред 93.702 гледачи во неверојатна атмосфера во Пасадена, предградие на Лос Анџелес.
Покрај самиот резултат, исто така и се останато на овој меч беше на страната на „кралскиот клуб“, од бројот на шанси до поседот на топката.
Триото од средниот ред Лука Модриќ, Касемиро, Тони Крос доминираше на средината и буквално ја „скри“ топката од играчите на Јувентус.
Шпанските медиуми дури ликуван бидејќи Душан Влаховиќ беше целосно затворен и безопасен кон голот на Реал.
Поточно истакнаа дека Давид Алаба и Едер Милитао го „ставија во џеб“ српскиот репрезентативец кој беше на теренот до 64. минута.
Ова беше последен тест за Реал Мадрид пред натпреварот во Супер купот на Европа против Ајнтрахт Франкфурт , кој се игра на 10 август на Олимпискиот стадион во Хелсинки .
https://www.youtube.com/watch?v=DLmqJsnwP1U&feature=emb_logo