Социјалните мрежи и медиумите вријат со разни коментари, анализи и текстови, а дефинитивно најинтересно е на профилот на познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, на кој објави фантастична песна како најава за дуелот на „Лудогорец арената“. Според него, нашите момци треба да им дадат пет гола на Бугарите и тоа секој со посебна причина.
По еден гол за Самоил и Гоце Делчев, кои ни ги присвојуваат, еден за негирањето на јазикот и нацијата, од пенал како шах-мат за ветото за влез во ЕУ, а петтиот да биде за окупаторските години на бугарските „администратори“. Да се надеваме дека барем дел од напишаното од Џамбазов ќе се оствари и жолто-црвените со кренати глави и три бода да се вратат од Разград.