Лион славеше убедливо против Бордо (6-1) во 32. коло од француската Лига 1 и така се вклучи во битката за позициите кои водат во Европа.
Домаќините постигнаа по три гола во двете полувремиња, и тоа во првите 45 минути преку Дембеле, Токо Екамби и Пакета.
Фавре во 46. минута зголеми на 4-0, по што Тото Екамби погоди за 5-0, а на 1-5 намали Мара од пенал. Сепак, Лион ја потврди победата преку Дембеле во 91. минута.
Лион има 49 бодови на осмата позиција, односно четири од место кое води во Конференциската лига.