За Лион ова беше четврти пораз во девет досегашни мечеви, заостанува веќе девет бода од третопласираниот Лориен, а како започна сезоната, тешко дека некој може да верува дека до крајот на сезоната ќе може да се изборат за место во европската елита.
Лион немаше ниту еден директен удар во рамките на голот за 90 минути, а пресметката ја реши 31-годишниот француски напаѓач со погодокот во 81-та минута од мечот, па Ланс сега има 21 бод и нема пораз сезонава во девет меча, моментно на четвртото место на табелата.
Лион остана на 13 бодови, на седмата позиција.