Наполи останува единствена екипа со перфектен скор во италијанската Сериа А. По осум кола има осум победи и е на чело на табелата.

Најзаслужен за овој триумф е Виктор Осимен кој по осистенција на нашиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол со глава.

Инаку Елмас влезе во игра во 71. минута од мечот, а асистенцијата беше помалку и случајна т.е. Елмас беше погоден од противнички фудбалер со топка во грбот и потоа перфектно падна на главата на Осимен.